Социјален дијалог – настан „Учи паметно работи стручно“

Вторник 07.02.2023 Г.

Во организација на Одделението за локален економски развој и јавни дејности и СОУ „Кочо Рацин“ Свети Николе  се организираше средба за социјален дијалог односно настан „Учи паметно работи стручно“, 

Пред самиот настан беа спроведени низа други активности од страна на Одделението за локален економски развој и јавни дејноти и СОУ „Кочо Рацин“: Се направи анализа преку потплнување на Анкетен прашалник за вклученоста во дуалното образование на компании и ученици за претходната учебна година, Се спроведе анализа кои компании може да учествуваат согласно постојните струки и образовни профили во СОУ „Кочо Рацин“, до истите компании беше доставена Покана за самиот настан како и Анкетен прашалник со коишто се увиде кои од компаниите би биле заинтересирани за вклучување во процесот на дуално образование, како и за можниот број на ученици коишто би сакале да ги ангажираат за посетување на практична настава во нивните компании, преку Јавен Повик Покана средба за социјален дијалог односно настан „Учи паметно работи стручно“ беа повикани и сите други заинтересирани страни да земат учество на самиот настан.

Воведно обраќање даде градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев, кој истакна дека Општина Свети Николе секогаш е отворена за заедничка соработка со деловниот сектор во поглед на унапредување на образовниот процес воедно укажа и на големото значење на дуалното образование кое овозможува да се добие квалификуван стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на трудот.

Од страна на Директорката на СОУ „Кочо Рацин“ Свети Николе како и Игорче Николов беа преставени досегашните резултати како и идните планови на училиштето, пред се потенцирајки дека во последната учена година интересот за стручно образование кај учениците коишто се запишале во учебната 2022-2023 година е видно зголемен.

Потоа следуваше дискусија со Преставниците на компаниите во којашто тие го искажаа својот интерес на самите компании за вклученост во дуалното образование, како и можеа да се запознаат и информираат подобро за целиот процес од страна на преставниците од СОУ „Кочо Рацин“ Свети Николе. Исто така ја поздравија можноста во нивните компании преку дуалното образование да се дојде до квалификуван стручен кадар кој ќе одговори на потребите и барањата на производствениот процес, односно преку практичната настава преку дуалното образование учениците да можат да стекнат со вештини, да бидат стручни и подготвени за вработување во производство ведаш по завршување на средното образование.

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora