Почитувани,
Тргнувајки од потребата од научна заснованост и историска верифицирансот, како и навремена организација за обележување на настаните, манифестациите, јубилеите, годишнините на значајни настани и истакнати личности во Општина Свети Николе, Општина Свети Николе преку одделението за Локален економски развој и Јавни дејнсоти а во соработка со јавинте установи/служби, здруженија на граѓани, месните заедници и други заинтересирани субјекти во Општина Свети Николе има за цел краткорочно
- изготвување на Календар на настани за обележување на манифестации, јубилеи, годишнини на значајни настани и на истакнати личности во Општина Свети Николе, како и
- мапирање на културни или природни знаменитости како можни туристички атракции, како и локалитети, правни субјекти и организации од значење за начинот на живот (културен, традиционален, верски и др.) и работа на жителите на Општина Свети Николе.
Којашто понатаму Би резултирала со изработка на:
- Програма за обележување на јубилејни годишнини на значајни настани и на истакнати личности во Општина Свети Николе;
- Регитар со календар на традицонални настани и манифестации кои се одржуваат на територијата на Општина Свети Николе кои се од значење за начинот на живот (културен, традиционален, верски и др.) и работа на жителите на Општина Свети Николе;
- Регистар на локалитети, културни и природни знаменитости и спомен обележја на територијата на Општина Свети Николе кои се од значење за начинот на живот (културен, традиционален, верски и др.) и работа на жителите на Општина Свети Николе.
- Програма за обележување на значајни настани и истаканти личности со спомен обележја.
- Регистар на спомен обележја.
Од тие причини се обраќаме до Вас со Барање да ни доставите Ваши Предлози.
Би Ве замолиле Предлозите кои ќе ги доставите да содржат пошироко образложение за значајноста на настанот/личноста/организацијата и др. , прецизно да биде определен датумот, доколку има документ, фотографија или нешто слично за верификација да се достави во прилог, како и самите предлози да исполнуваат еден од следниве критериуми:
- Да се од исклучиво значење за развој на Општина Свети Николе и за нејзиниот континуитет;
- Да се основоположници во одделни дејности во општествено – политичкиот и економскиот живот на Општина Свети Николе и придонеле за нејзина национална и меѓународна афирмација;
- Да се вградени во историскиот развој на општината и во народната традиција, со што се овозможува создавање на трајно чуство на патриотизам и инспирација на идните генерации;
- Локалитетите, објектите и настаните да се од значење за начинот на живот и работа на жителите (културен, традиционален, верски и др.) на Општина Свети Николе;
- Манифестациите да се оддржуваат повеќегодишно/традиционално и да се од значење за начинот на живот и работа на жителите (културен, традиционален, верски, спортски и др.)
Предлозите со потполнети Образци Прашалници доставувајте ги до Архива на Општина Свети Николе со назнака за Туристичко мапирање на Општина Свети Николе до Одделеито за ЛЕР и ЈД или по електронски пат на ler@svetinikole.gov.mk
Образци за ПРЕДЛОЗИ
Прашалник на настан и манифестации –превземи тука
Прашалник Локалитети – превзми тука
Прашалник Јубилеи – превземи тука
Прашалник Објекти и спомен обележја – превземи тука
Лице за информации:
ИВИЦА АРСОВ
Контакт
E – пошта: ler@svetinikole.gov.mk
Телефон: 032 444 169 Локал 124
Ул. Плоштад Илинден бр. 12
Зграда на Општина Свети Николе
Канцеларија бр. 11 – Приземје