„Учи паметно работи стручно“

Општина Свети Николе Одделението за локален економски развој и јавни дејности и СОУ „Кочо Рацин“ Свети Николе  има за чест да Ве покани за Ваше учество на средба за социјален дијалог односно настан „Учи паметно работи стручно“, којашто има за цел:

  • да се дискутира и идентификува потребата од отворање на одредени профили и паралеки во СОУ „Кочо Рацин“ Свети Николе за учебната 2024/2025 г
  • како создавање на нови наставни програми во СОУ „Кочо Рацин“ Свети Николе за учебната 2024/2025 г

Настанот е од отворен карактер и на него може да присуствуваат сите заинтересирани страни: компании, ученици, родители/старатели на ученици.

Настанот ќе  се одржи во 9 часот на ден Среда 31.01.2024 г. Во сала при Советот на Општина Свети Николе

Со надеж дека ќе ја прифатите нашата покана и ќе бидете дел од овој настан, воедно  со цел организирање на самиот настан во зависност од искажаниот интерес од Ваша страна, сите заинтересирани треба да го најават својот интерес затоа би ве замолиле  да го потврдите Вашето учество заедно со потполнетиот Анкетен прашалник до Среда 24.01.2024 г. на следниве контакти со што би номинирале и лице од Вашата компанија/организација/институција коешто би присуствувало на самиот настан:

Е пошта: Ивица Арсов – ler@svetinikole.gov.mk

      Љупка Паневска ljupka.antova@svetinikole.gov.mk

Прилог – Агенда

Прилог – Анкетен Прашалник

За повеќе информации

Ивица Арсов

Е пошта: ler@svetinikole.gov.mk

Телефон 032 44 169 локал 124

Мобилен: 077 725 668

Однапред ви благодариме на соработката

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora