Почитувани,
Одделението за Локален економски развој и јавни дејности При Општина Свети Николе преку своите начини на информирање ги информира сите граѓански здруженија од територијата на Општина Свети Николе за Отворениот Јавен повик до граѓанските организации за поднесување предлог-проекти како дел од Регионалниот проект „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“ а финансиран од Европската Унија, кои го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Општи податоци за повикот
Времетраење на предложениот проект: Минимум четири (4) месеци, максимум дваесет и четири (24) месеци.
Краен рок за процесот на аплицирање: 12 јули 2023 година, среда, до 17:00 часот
Минималниот износ по грант е 5.000 евра
Максималниот износ по грант е 20.000 евра
Линкот до Јавниот повик како и формулари за аплицирање се достапни ТУКА
Општина Свети Николе ќе продолжи со поддршка на граѓанските организации од Општина Свети Николе и ќе продолжи да ги информира за сите повици кои се однесуваат на теми поврзани со граѓанските организации на теритoријата на Општина Свети Николе.