ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица за вклучување во 6 Програма за работно ангажирање – Јавни работи

Се повикуваат сите евидентирани  невработени  лица со ниски  квалификации    во проекти   од инфраструктурен  карактер и заштита на животната средина на локално ниво да се пријават во Центарот за вработување Свети Николе.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програма за работно ангажирање – Јавни работи ќе бидат работно ангажирани 22 работни дена при што за време на работниот ангажман статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица – корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество имаат сите невработени лица со ниски  квалификации.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во 6 Програма за работно ангажирање – Јавни работи се предвидува паричен надоместок во висина од 600 денари по работно ангажирано лице, дневно, со вклучен данок на личен доход и  осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална  болест

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на:

Потребен број на кандидатиПрофил на кандидатитеАктивности – работен ангажман
10 лица  Евидентирани  невработени  лица со ниски  квалификациипроекти   од инфраструктурен  карактер и заштита на животната средина на локално ниво

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програма за работно ангажирање – Јавни работи можат да поднесат во Центар за вработување Свети Николе  секој работен ден во периодот од 23.08.2023 година до 30.08.2023 година, од 7.30 до 15.30 часот.

Пристигнатите пријави по завршување на рокот нема да бидат земени во предвид.

Селекцијата на заинтересираните пријавени кандидати ќе биде извршена од Комисија формирана од страна на Градоначалникот на општина Свети Николе со претставници од општинската администрација и Центарот  за вработување Свети Николе.

Доколку по завршување на рокот за пријавување не се пријават доволен број на кандидати од страна на Центарот на вработување, преостанатите позиции ќе бидат надополнети по пат на Посредување  од Центарот за вработување Свети Николе.

Заинтересираните невработени лица потребно е да носат документ за лична идентификација за да можат да пополнат ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО за невработени лица и ИЗЈАВА ЗА СОГЛАСНОСТ.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Свети Николе, избраните кандидати и Центарот за вработување Свети Николе.

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora