ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работаa

се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “ОКО сервис 10 (Општествено корисна општина)” за вклучување/работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци  заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Свети Николе.

Евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.

Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на  работниот ангажман од 6 (шест)месецин/9(девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

– долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години);

– млади лица до 29 години и

– лица постари од 50 години.

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

Работно место 1: Негователи во Детска градинка

Позиции за работно место 1: 5 негователи

Потребни квалификации и занимања за Работно место 1:

ССС – средно медицинско училиште, средно образование – насока гимназија, средно музичко училиште, средно ликовно училиште, средно фискултурно образование; Да поседува важечка лиценца за неговател издадена од Комисија за лиценцирање на стручни лица во системот за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и на директори на установи за деца при МТСП; Способност за работа со деца, тимска работа, комуникациски вештини, со или без работно искуство во струката. Кандидатите треба да се активни баратели на работа.

Работно место 2: Воспитувач во Детска градинка

Позиции за работно место 2: 1 воспитувач

Потребни квалификации и занимања за Работно место 2:

ВСС – дипломиран професор по предучилишно воспитание, дипломиран воспитувач на деца од предучилишна возраст, дипломиран педагог за предучилишно воспитание и дипломиран педагог – со стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршено високо образование VII/1степен или  лице со завршени студии за одделенска настава; Да поседува важечка лиценца за воспитувач издадена од Комисија за лиценцирање на стручни лица во системот за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и на директори на установи за деца при МТСП; Способност за работа со деца, тимска работа, комуникациски вештини, со или без работно искуство во струката. Кандидатите треба да се активни баратели на работа.

Работно место 3: Социјален работник во Дневен центар за лица со попреченост

Позиции за работно место 3: 1 социјален работник

Потребни квалификации и занимања за Работно место 3:

ВСС – социјална работа и социјална политика; Способност за работа со лица со попреченост, тимска работа, комуникациски вештини, со или без работно искуство во струката. Емпатија, отвореност, недискриминирачки пристап и толеранција кон различности; Способност да оствари позитивна релација со ранливи категории на лица и стекнување на нивната доверба. Кандидатите треба да се активни баратели на работа.

Работно место 4: Психолог во Дневен центар за лица со попреченост

Позиции за работно место 4: 1 психолог

Потребни квалификации и занимања за Работно место 4:

ВСС – дипломиран психолог; Одлични вештини за комуникација и асертивно однесување, изградени вештини за тимска работа и самоиницијативност, сензибилизираност за работа со лица со попреченост. Емпатија, отвореност, недискриминирачки пристап и толеранција кон различности; Способност да оствари позитивна релација со ранливи категории на лица и стекнување на нивната доверба. Кандидатите треба да се активни баратели на работа.

Работно место 5: Фасилитатор во Општина Свети Николе

Позиции за работно место 5: 1 фасилитатор

Потребни квалификации и занимања за Работно место 5:

ССС – општа гимназиска струка; Основно познавање на работа со компјутери, тимска работа, комуникациски вештини, со или без работно искуство. Кандидатите треба да се активни баратели на работа.

Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Свети Николе во периодот од 09.06.2023 година до 16.06.2023 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Свети Николе и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Свети Николе кај лицето Ивана Димитрова, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Свети Николе,  кај лицето Сања Јовановска,  Центар за социјлна работа Свети Николе кај лицето Александра Саздевска.

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora