ЈАВЕН ПОВИК до сите заинтересирани граѓани и работодавачи за присуство на едукативни презентации во Општина Свети Николе

Одделението за локален економски развој согласно предвидена активност Форум на работодавачи  која е дел од ПРОГРАМА за активностите на Општина Свети Николе во областа на локалниот економски развој во 2024 година, како еден од организаторите и учесник на настанот, упатува

ЈАВЕН ПОВИК до сите заинтересирани граѓани и работодавачи  за присуство на едукативни презентации во Општина Свети Николе и тоа во следниве фази, кои се дел од активност Форум на работодавачи:

1 фаза – презентирање на активните програми и мерки за вработување на Националниот оперативниот план за вработување  

дел 1 кон заинтересираните работодавачи;

дел 2  и презентирање на активните програми и мерки до заинтересираните невработени лица  и останати граѓани за вработување и самовработување.

Настанот е од отворен карактер и е отворен за сите заинтересирани граѓани и работодавачи.

Локација на настаните: Голема сала на советот на Општина Свети Николе

Време на одржување:

Ден 02.04.2024 г.

Во 13:00 часот

дел 1 презентирање на активните програми и мерки кон заинтересираните работодавачи

Ден 03.04.2024 г.

Во 13:00 часот

дел 2  и презентирање на активните програми и мерки до заинтересираните невработени лица  и останати граѓани за вработување и самовработување.

Дополнителни информации може да се добијат кај:

Ивица Арсов

Општина Свети Николе

Канцеларија бр. 11 ЛЕР (приземје)

Или на е-адресата ler@svetinikole.gov.mk

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora