Архиви

ЈАВЕН ПОВИК за доставување на предлози за настани, манифестации, јубилеи и значајни личности за Општина Свети Николе

I. Основ

Тргнувајќи од потребата од научна заснованост, историска верифицираност и навремена организација за обележување на значајни настани, манифестации, јубилеи, годишнини и истакнати личности од значење за локалната заедница, а во рамки на реализацијата на Активност бр. 11 „Туристичко мапирање на Општина Свети Николе“, утврдена во Програмата за активностите на Општина Свети Николе во областа на Локалниот економски развој за 2026 година, бр. 08-01-97 од 26.12.2025 година,
Општина Свети Николе објавува Јавен повик за доставување на предлози и податоци за настани, манифестации, јубилеи и истакнати личности кои се од значење за културниот, традиционалниот, верскиот и општествениот живот, како и за туристичкиот развој на Општина Свети Николе.

II. Цел на јавниот повик

Целта на овој јавен повик е прибирање на релевантни и верифицирани податоци за:

  • традиционални манифестации и настани;
  • значајни културни, историски и општествени настани;
  • јубилејни годишнини;
  • настани поврзани со истакнати личности;
  • настани и факти од типот „првпат“, односно информации за првото формирање, изградба, изработка, отворање или пуштање во употреба на објекти, институции, инфраструктура, услуги, производствени капацитети или други значајни појави на територијата на Општина Свети Николе;
  • стакнати личности од категоријата „првпат“, односно лица кои за првпат извршувале одредена функција, дејност или улога, или кои како поединци први оствариле значајно достигнување на територијата на Општина Свети Николе. (пр. прв градоначалник, прв директор на установа, прв учител/професор, прв лекар, прв спортист со национално/меѓународно признание, прв уметник и сл.)
  • настани со локален, културен и туристички потенцијал.

Доставените податоци ќе се користат за изработка на:

  • Календар на настани на Општина Свети Николе;
  • Програма за обележување на јубилејни годишнини и значајни настани;
  • Регистар на традиционални настани и манифестации.

III. Право на учество

Право да достават предлози имаат:

  • јавни установи и институции;
  • здруженија на граѓани;
  • месни заедници;
  • образовни, културни и научни установи;
  • верски заедници;
  • правни субјекти;
  • поединци.

IV. Начин на доставување на предлозите

Предлозите се доставуваат исклучиво по електронски пат, преку онлајн прашалник објавен на веб-страницата на Општина Свети Николе, на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeqkWGjs02xz2wKSCJpALgEKfSr6Vc-o3xBKolbeA1RALs-fw/viewform?usp=header

  • Во случај на неможност за потполнување истото може да го извршите во Просториите на Општина Свети Николе ул. Плоштад Илинден бр. 12, канцеларија бр. 11 – приземје секој работен ден од 7 и 30 до 15 часот.

V. Рок за доставување

Рокот за доставување на предлози е 10 месеци од денот на објавување на јавниот повик.

VI. Постапка по јавниот повик

VI. Постапка по јавниот повик

Доставените предлози ќе бидат:

  • административно обработени;
  • стручно и содржински разгледани;
  • подложени на историска и фактичка верификација, доколку е потребно.

Општина Свети Николе го задржува правото да побара дополнителни појаснувања или документација од подносителите.

VII. Напомена

  • Вклучувањето на настан во Календарот или Програмите не подразбира автоматска финансиска поддршка од страна на Општина Свети Николе.
  • Податоците ќе се користат исклучиво за цели поврзани со културниот, општествениот и туристичкиот развој на општината.
  • Календарот ќе се ажурира периодично, согласно потребите и програмските определби на Општина Свети Николе.
  • Посебно ќе се разгледуваат предлозите кои се однесуваат на истакнати настани и личности од категоријата ‘првпат’, поради нивното историско, едукативно и симболично значење за локалната заедница.