Архиви

ЈАВЕН ПОВИК за доставување фотографии од Старо Свети Николе – 2026

I. Основ

Тргнувајќи од потребата за прибирање, архивирање и промоција на културното и историското наследство на Општина Свети Николе, а во рамки на реализацијата на Активност бр. 12 Продолжување на Јавен повик за фотографии за промотивен материјал, утврдена во Програмата за активностите на Општина Свети Николе во областа на Локалниот економски развој за 2026 година, бр. 08-01-97 од 26.12.2025 година,

Фотографиите од Свети Николе често се наоѓаат во семејни албуми, лични архиви, книги или на социјални мрежи. Со цел да се соберат овие вредни моменти на едно место, Општина Свети Николе ги повикува граѓаните да достават фотографииили документи кои ја отсликуваат историјата, културата, природните убавини и традиционалните вредности на општината.

Општина Свети Николе објавува Јавен повик за доставување фотографии од старо Свети Николе, со цел прибирање и архивирање на фотографии со мотиви од минатото, како и нивна употреба за изложби, публикации, дигитални содржини и промоции на културното и историското наследство на општината.

II. Цел на јавниот повик

Целта на овој јавен повик е:

Целта е прибирање на фотографии кои ја доловат уникатноста на Свети Николе, посебно:

  • Старо Свети Николе, историски и културни дејци/лица;
  • Инфраструктурни и економски објекти (занаетчии, фабрики, продавници, претпријатија);
  • Урбани детали, градежни објекти, пејзажи и панорами;
  • Манифестации и други значајни настани;
  • Секој друг вид фотографии за подготовка на изложби, публикации и промотивен материјал.

III. Право на учество

Право да достават фотографии имаат:

  • Граѓани и колекционери;
  • Членови на семејства кои поседуваат стари фотографии;
  • Образовни, културни и научни установи;
  • Јавни установи, институции и здруженија;
  • Поединци.

IV. Начин на доставување на фотографиите

  • Фотографиите се доставуваат исклучиво електронски преку следниот Google Forms формулар:
    ➡️ Пополнете го формуларот тука →
  • Лицата кои немаат пристап до интернет или не се во можност сами да го пополнат формуларот, можат да добијат асистенција во Просториите на Општина Свети Николе, ул. „Плоштад Илинден“ бр. 12, канцеларија бр. 11 – приземје, секој работен ден од 7:30 до 15:00 часот.

V. Рок за доставување

  • Фотографиите може да се доставуваат во текот на целата 2026 година.

VI. Постапка по јавниот повик

Доставените фотографии ќе бидат:

  • Административно обработени;
  • Стручно и содржински разгледани;
  • Подложени на историска и фактичка верификација, доколку е потребно.

Општина Свети Николе го задржува правото да побара дополнителни појаснувања или документација од подносителите.

VII. Напомена

  • Вклучувањето на фотографиите не подразбира автоматска финансиска поддршка од страна на Општина Свети Николе.
  • Податоците и фотографиите ќе се користат исклучиво за цели поврзани со културниот, општествениот и туристичкиот развој на општината.
  • Особено ќе се разгледуваат фотографии со историско значење и фотографии на значајни личности (живи или починати), поради нивното историско, едукативно и симболично значење за локалната заедница.

VIII. Контакт

Одделение за локален економски развој и јавни дејности
📧 ler@svetinikole.gov.mk
📞 032 444 169 локал 124
📍 Општина Свети Николе, ул. „Плоштад Илинден“ бр. 12, Канцеларија бр. 11 – Приземје

Ве покануваме да го дадете Вашиот придонес за промоција на Свети Николе!