ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Општина Свети Николе го објавува овој јавен повик, иницирано како барање од жителите на поголемите рурални средини во општина Свети Николе за општински линиски превоз, како јавна служба, а согласно Законот за патен сообраќај и Одлуката на Совет општина Свети Николе за уредување на превозот во патниот сообраќај на подрачјето на ЕЛС Свети Николе.
ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Право на учество на јавниот повик имаат сите трговци поединци и правни лица кои поседуваат лиценца за вршење на општински линиски превоз на патници.
ПОСТАПКА
Барателите, лиценцирани превозници, за вршење на општински линиски превоз на патници, до градоначалникот на општина Свети Николе поднесуваат:
Барање дозвола за вршење на општински линиски превоз на патници со:
1.Копија од лиценца за вршење на општински линиски превоз на патници
2.Регистриран возен ред и
3.Ценовник за користење на определена линија.
Огласот трае 8(осум) дена, а барањето од превозниците се поднесува во едношалтерски систем при општина Свети Николе, кај лицето Антониe Ташев.