Јавен повик за работодавачи за учество на онлајн дигитални обуки наменети за невработени лица, тековни практиканти и лица ангажирани по договор на дело

Одделението за Локален економски развој и јавни дејности преку своите начини на информирање го споделува овој Јавен повик до сите заинтересирани работодавачи од теритoријата на Општина Свети Николе, Јавниот повик е дел од Програма за развој на Обединетите нации (УНДП), во рамки на проектот – Креирање можности за работа за сите – Главна фаза, финансиран од швајцарската Агенција за развој и соработка (СДЦ).

Почитувани работодавачи, доколку Вашата компанија има визија и ги следи трендовите кои ги наметнува новото дигитално време и имате потреба од нови лица во вашата компанија, практиканти или тековни соработници кои можете да ги обучите според вашите потреби со Овој Јавен повик Ви се нуди можност за учество во онлајн дигитални обуки наменети за невработени лица, тековни практиканти и лица ангажирани по договор на дело.

Обврска на работодавачот е да ја ко-финансира обуката во вкупна сума од 8.670 мкд (30%) по лице.  Сумата ќе треба да се уплати директно на сметката на давателот на обуките Семос едукација пред почетокот на курсот. Разликата до вкупната цена (70%) на курсот ја покрива Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Дозволена е пријава и на повеќе од едно лице.

Обуките ќе бидат испорачани онлајн  според најсовремени методи за учење на далечина. Истите ќе се спроведат од страна на СЕМОС Едукација. Понудените обуки се дел од курсевите во Семос едукација и тоа во следните атрактивни области:

  1. Администрирање на мрежни уреди и мрежно поврзување – Мрежен администратор 
  2. Дигитален маркетинг и менаџирање на социјалните медиуми – Дигитален маркетер
  3. E- продажба и развој на е-продавници – Специјалист за Е- commerce 
  4. Анализа на податоци со Power BI и Python – Дата аналитичар 
  5. Развој на адаптивни веб и мобилни апликации со JavaScript технологија– JavaScript Web девелопер

Подетално разработена програма за секој од понудените обуки може да погледнете тука 

Рок на пријавување: тековно, до искористување на постоечките средства. Побрзајте со пријава со оглед дека курсевите започнуваат набрзо во месец април 2023. Учесниците на обуките ќе бидат селектирани според принципот прв-пријавен-прв-услужен.

Повеќе за можноста прочитајте на линкот

А доколку сте заинтересирани Пополнете го прашалникот и пријавете се тука

Извор УНДП: https://www.undp.org/north-macedonia/news/javen-povik-za-rabotodavachi-za-uchestvo-na-onlajn-digitalni-obuki-nameneti-za-nevraboteni-lica-tekovni-praktikanti-i-lica 

Одделението за Лоаклен Економски развој и Јавни дејности и понтаму ќе продолжи да ги споделува сите повици и информации коишто се во интерес за подобрување на МСП на територијата на Општина Свети Николе.

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora