Јавен Повик на општина Свети Николе за прибирање на информации за даватели и баратели на социјални услуги, како и пројавување на иницијативи за социјални услуги на територијата на Општина Свети Николе

Со цел развој и подобрување на квалитетот на социјалните услуги во Општина Свети Николе, а согласно потребите на граѓаните и зголемување на пристапот до социјалните услуги наменети за ранливите групи на граѓани, постарите лица, лицата со попреченост и други лица, Општина Свети Николе распишува Јавен повик за прибирање информации за:

  • Граѓани или невладини организации, институции и други кои се даватели на социјални услуги или кои би сакале да бидат даватели и
  • баратели на социјални услуги на територијата на Општина Свети Николе.

Се повикуваат граѓаните, невладини здруженија и други, кои сакаат да дадат иницијативи за креирање на социјални услуги наменети за ранливите групи на граѓани, постарите лица, лицата со попреченост и други лица и евентуално да достават спроведени истражувања од сферата на социјалните услуги доколку имаат.

Социјалните услуги како и иницијативите треба да се однесуваат на социјални услуги во согласност со Законот за социјална заштита односно да се однесува на:

  • Стручна помош и услуги за поддршка
  • Советувалишта
  • Помош и нега во домот
  • Лична асистенција
  • Услуги на дневен престој (дневни центри)
  • Услуги за привремен престој
  • Услуги за рехабилитација и реинтеграција
  • Одмена на семејна грижа
  • Живеење со поддршка
  • Други иновативни услуги

Добиените информации од мапирањето на давателите и барателите на социјални услуги како иницијативите, ќе послужат за изработка на Социјалниот план на Општина Свети Николе, како и за аплицирање на проекти од областа на социјалната заштита.

Сите заинтересирани страни може да дојдат да потполнат Образец во просториите на Општина Свети Николе – Архива до 31 Август 2023 година.

Или истиот да го подигнат од веб страната на Општина Свети Николе www.svetinikole.gov.mk.

Тука – Образец.

Воедно Ве информираме дека на веб страната на Општина Свети Николе www.svetinikole.gov.mk се поставени Анкети коишто може да ги потполните со цел поголем опфат на потребни информации во делот на социјалните услуги на локално ниво.

Сите дополнителни информации може да ги добиете по писмен пат на емаил: ivana.jordanova@svetinikole.gov.mk, ler@svetinikole.gov.mk и slavica.dimova@svetinikole.gov.mk  или на телефон 032 444 169 локал 130 или локал 124.

Контакт лица:

Ивана Димитрова – Советник за социјална заштита и заштита на децата

Славица Димова – Советник за социјална заштита и заштита на децата

Ивица Арсов – Раководител на Одделение за локален економски развој и јавни дејности

Теодора Петрова – фасилитатор за унапредување на социјалните услуги на локално ниво

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora