Архиви

Јавна консултација Нацрт Интегрираниот локален развоен план (2024 – 2027)

Почитувани граѓани,

Општина Свети Николе го објавува Нацрт Интегрираниот локален развоен план (2024 – 2027)
за јавна консултација. Овој документ ги содржи стратешките приоритети и активности за одржлив развој на нашата општина во наредниот период.

Вашите мислења, предлози и коментари се од исклучителна важност за создавање план кој ќе ги одразува вистинските потреби и интереси на граѓаните.

Интегрираниот локален развоен план (2024 – 2027) е дел од Фондот за техничка документација (ФТД) претставува инструмент за финансиска и техничка поддршка во реализацијата на инфраструктурни проекти на локално, меѓуопштинско и регионално ниво. Кој е воспоставен со поддршка на проектот на УНДП „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“ (понатаму во текстот Проектот), финансиран од страна на Шведската агенција за меѓународна соработка (Сида) и Бирото за регионален развој е е зработен со поддршка на ангажирани експерти од УНДП според Методологијата за подготовка на интегрирани локални развојни планови.

Нацрт-документот е достапен на: следниот [линк]

Како да го доставите Вашето мислење?

  • По електронски пат на е-пошта: ler@svetinikole.gov.mk
  • Во писмена форма во архивата на Општина Свети Николе со назнака за НАЦРТ ИЛРП
  • На јавната презентација и расправа која ќе се одржи во сколп на јавната расправа за буџетот 2025 г. на ден Понедленик 02.12.2024 г. од 19 часот во големата сала При Општина Свети Николе.

Консултациите online ќе бидат отворени до доставуавње на ИЛРП до Советот на Општина Свети Николе.

За повеќе информации, ве молиме обратете се на телефонскиот број: 032 444 локал 124

ТППЕ
muzej bylazora