Согласно Договор за финансиска поддршка од страна на EIT Climate – KIC со наш архивски број 0903-63/6-2 од 08.10.2024 година склучен помеѓу EIT Climate – KIC и Општина Свети Николе како водечки партнер за имплементација на проектот „Лабораторија на отпорност во Свети Николе – Resilience Lab Sveti Nikole“ (ResLabSN – број на проект 240193),
Градоначалникот на Општина Свети Николе објавува
ЈАBЕН ПОВИК
За ангажирање на експерти за проектот
„Лабораторија на отпорност во Свети Николе“
- Основни информации за проектот
Општина Свети Николе отпочна со реализација на проектот „Лабораторија на отпорност во Свети Николе – Resilience Lab Sveti Nikole“ (ResLabSN – број на проект 240193), финансиски поддржан од EІT Climate КІС во рамки на програмата „Pathways2 Resilience”. Проектот има за цел да изгради системски пристап за развивање на отпорноста, кој вклучува климатска адаптација и адресирање на клучните потреби во заедницата.
Во рамки на проектот, потребно е да се ангажираат експерти кои ќе работат на испорака на неколку клучни резултати, вклучувајќи:
- Стратегија за климатска отпорност – Заедничка визија и патеки за адаптација, со стратегија за вклучување на засегнатите страни.
- Акциски план – Детален план за краткорочни и среднорочни активности, со рамка за мониторинг.
- Инвестициски план – Проекти кои можат да се финансираат за спроведување на стратегијата и акцискиот план.
Овие активности ќе ги постават темелите за климатска отпорност на регионот и ќе помогнат во создавањето на поотпорна заедница.
Потребни експерти кои ќе бидат ангажирани:
- Експерт за климатски промени
- Експерт за развој на политики и мерки
- Финансиски експерт
Подетални информации за секоја од улогите:
- Експерт за климатски промени
(поврзан со Изработка на Стратегија за климатска отпорност)
Позиција: Експерт за климатски промени
Локација: Општина Свети Николе
Тип: Договор за ангажман
Времетрање: ангажманот ќе биде 5 месеци и предвидува најмногу 50 работни дена распоредени по активности во координација со тимот за имплементација на проектот од Општина Свети Николе.
Паричен надоместок за ангажманот: вкупен паричен надомест од 160 евра во денарска противредност (бруто износ) од работен ден.
Клучни одговорности:
Води изработка на Стратегијата за климатска отпорност, со фокус на:
- Анализа на климатски ризици и проекции за Свети Николе (врз основа на базната проценка)
- Обработка на принципите за праведна отпорност и визијата креирана со засегнати страни
- Дефинирање на цели и приоритетни адаптациски патеки
- Интегрирање на решенија базирани на природата (nature-based solutions)
- И сè друго што ќе произлезе како потреба при изготвувањето на стратегијата
Подготовка на делови кои се однесуваат на:
- Климатски профил и ранливости
- Потреби за адаптација и индикатори за перформанси
- Овозможувачки услови и зрелост за отпорност
- Мониторинг, евалуација и учење (MEL)
Квалификации:
- Образование во областа на климатски науки, животна средина или сродна област
- Одлично владеење на англиски јазик, со способност за самостојно креирање стратегија на англиски јазик
- Најмалку 5 години искуство во анализа на климатски ризици, адаптација или развој на стратегии за отпорност
- Ангажман како експерт на најмалку 3 меѓународни или прекугранични проекти од областа на екологијата заштита на животната средина и климатските промени
- Најмалку 10 години искуство во работа со меѓународни организации и донори
- Искуство во изготвување на локални и регионални стратегии, студии, програми и акциски планови изразено преку изработка на најмалку 5 стратешки документи
- Познавање на европски политики за климатска акција, вклучувајќи Зелената агенда и адаптациски рамки
- Искуство со партиципативни процеси и мапирање на системи
- Одлични аналитички и пишувачки способности
За точен обем и структура на документот, експертот ќе работи врз основа на предвидениот шаблон за Стратегија за климатска отпорност. (во прилог)
2. Експерт за развој на политики и мерки
(поврзан со Изработка на Акциски план за климатска отпорност)
Позиција: Експерт за развој на политики и мерки
Локација: Општина Свети Николе
Тип: Договор за ангажман
Времетрање: ангажманот ќе биде 5 месеци и предвидува најмногу 50 работни дена распоредени по активности во координација со тимот за имплементација на проектот од Општина Свети Николе.
Паричен надоместок за ангажманот: вкупен паричен надомест од 160 евра во денарска противредност (бруто износ) од работен ден.
Клучни одговорности:
Води изработка на Акцискиот план за климатска отпорност, со фокус на:
- Претворање на стратешките цели во конкретни SMART активности (за 1–5 години и понатаму)
- Развивање на краткорочни, среднорочни и долгорочни планови за имплементација
- Интегрирање на овозможувачки услови (вештини, податоци, управување) во планот
- Идентификување на клучни актери и нивни одговорности
- Подготовка на план за вклучување на засегнати страни и управување
- Поддршка при развивање на индикатори за MEL и управување со ризици
- И сè друго што ќе произлезе како потреба при изготвувањето на акцискиот план
Квалификации:
- Образование од областа на економијата, јавна политика, животна средина или сродна област
- Одлично владеење на англиски јазик, со способност за самостојно креирање акциски план на англиски јазик
- Најмалку 5 години искуство во развој на акциски планови, политики или планови за климатска адаптација
- Ангажман како експерт на најмалку 3 меѓународни или прекугранични проекти од областа на заштита на животната средина и климатските промени
- Најмалку 10 години искуство во работа со меѓународни организации и донори
- Познавање на национални и ЕУ-политики за адаптација и развој
- Искуство во изготвување на локални и регионални стратегии, студии, програми и акциски планови изразено преку изработка на најмалку 5 стратешки документи
- Искуство во развој на праведни и инклузивни политики
- Вештини за координација и работа со различни засегнати страни
За точен обем и структура на документот, експертот ќе работи врз основа на предвидениот шаблон за Акциски план за климатска отпорност. (во прилог)
3. Финансиски експерт
(поврзан со Изработка на Инвестициски план за климатска отпорност)
Позиција: Експерт за развој на политики и мерки
Локација: Општина Свети Николе
Тип: Договор за ангажман
Времетрање: ангажманот ќе биде 5 месеци и предвидува најмногу 50 работни дена распоредени по активности во координација со тимот за имплементација на проектот од Општина Свети Николе.
Паричен надоместок за ангажманот: вкупен паричен надомест од 120 евра во денарска противредност (бруто износ) од работен ден.
Клучни одговорности:
Води изработка на Инвестицискиот план за климатска отпорност, со фокус на:
- Проценка на трошоци од неделување и потреби за инвестиции
- Развивање на инвестициски стратегии за приоритетни адаптациски мерки
- Економска анализа: BCR (Benefit-Cost Ratio) – Однос на корист и трошоци, NPV (Net Present Value) – Нето сегашна вредност, IRR (Internal Rate of Return) – Внатрешна стапка на поврат и други индикатори
- Идентификација на достапни извори на финансирање (грантови, ЈПП, зелени обврзници)
- Детектирање на бариери за финансирање и предлог на овозможувачки механизми
Подготовка на финансиски делови од акцискиот план: буџети, извори, проекции
Квалификации:
- Образование од областа на финансии, економија, јавни инвестиции или сродна област
- Одлично владеење на англиски јазик, со способност за самостојно креирање инвестициски план на англиски јазик.
- Најмалку 5 години искуство во финансирање, јавни инвестиции или економија на одржливост
- Познавање на модели за климатско инвестирање и финансиски инструменти
- Искуство со буџетирање во јавен сектор и развивање на финансиски стратегии
- Способност за анализа на исплатливост и подготовка на инвестициски планови
За точен обем и структура на документот, експертот ќе работи врз основа на предвидениот шаблон за Инвестициски план за климатска отпорност. (во прилог)
Логистички информации
Сите заинтересирани кандидати потребно е да испратат свое СV, доказ за образование и релевантна листа на проекти и спроведени активности со наведена улога и главни одговорности, поткрепени со договори или други акти со кои ќе се докажат исполнување на квалификациите од јавниот повик.
Потребните документи да се достават на електронската емаил адреса на Одделението за локален економски развој и јавни дејности при Општина Свети Николе: ler@svetinikole.gov.mk, со назнака: Апликација за [позиција] по проект Лабораторија на отпорност во Свети Николе.
Краен рок за аплицирање: 20.06.2025, до 15:30 часот.
Дозволено е една личност да аплицира на две позиции кои што би се извршувале наизменично.
За една позиција може да бидат избрани еден или повеќе консултанти. Во таков случај, вкупниот предвиден буџет и број на работни денови за таа позиција ќе бидат распределени меѓу консултантите, врз основа на приложениот Извештај за ангажманот и експертизата.
Сите апликанти (за сите позиции) треба да достават:
- Извештај со број на работни денови за извршување на задачите, кој не може да биде подолг согласно одобрениот број на работни денови од страна на проектниот тим.
Исплатата ќе се реализира по доставување на документот (стратегија, акциски план и инвестициски план) за кој е ангажиран експертот, и тоа откако документот ќе биде официјално одобрен и усвоен од страна на релевантниот орган – Совет на општина Свети Николе. Во случај документот да не биде одобрен и усвоен, исплатата нема да се реализира, независно од извршениот ангажман.
Овој оглас е во склоп на проектот „Лабораторија на отпорност во Свети Николе” #Pathways2Resilience кој е финансиран од EIT CLIMAТЕ КІС. Овој проект го спроведува Општина Свети Николе во партнерска соработка со СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации.
Прилози:
ЈАBЕН ПОВИК За ангажирање на експерти за проектот „Лабораторија на отпорност во Свети Николе“ – Превземи тука
Стратегија за климатска отпорност – Превземи тука
Акциски план за климатска отпорност – Превземи тука
Инвестициски план за климатска отпорност – Превземи тука.


#ClimateAdaptation
#ClimateResilience
#EuropeanRegions
#EUMissions
#MissionClimate
#EUClimateAction
#EUGreenDeal