Состанок на кризниот штаб на Општина Свети Николе

Кризниот штаб на општина Свети Николе на денешниот состанок ги разгледа превземените активност согласно мерките и препораките на Владата и Министерството за здравство околу превенцијата од заштита на коронавирусот .
❗️Согласно тие активности од МВР информираа дека против две лица се поднесени кривични пријави за непочитување на мерката за самоизолација.
❗️Против две лица се поднесени кривични пријави до јавното обвинителство за непочитување на полицискиот час . За истите јавното обвинителство ќе постапи веднаш со цел санкционирање на овие лица и непочитување на мерките за превенција и заштита.
❗️Од денес се ангажирани сите волонтери со цел подобро информирање на јавноста со построгите мерки за движење на лица постари од 67 години и за лицата под 18 години и за користење на полицискиот час и нивно ангажирање за набавка на намирници за лица кои се опфатени со оваа мерка.
❗️Како препорака од Кризниот штаб е сите жители на колективните згради да се ангажираат околу почеста дезинфекција на влезовите и ходниците во истите, со цел зголемена превенција и заштита од корона вирусот.
Уште еднаш апелирам до сите граѓани да се придржуваат на мерките  Владата за почитување на јавниот ред и мир и за ограничено движење на одредена категорија на граѓани.

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora