5-ти Јуни

Го одбележуваме 5-ти Јуни -Меѓународен ден на заштита на животната средина.По тој повод реализираме акција во чистење и уредување на просторот околу пешачката и велисипедска патека до Била Зора во која учествуваа вработените во локалната самоуправа, ЈКП Комуналец, ЈП Погребални услуги и ТППЕ Свети Николе.
Како локална самоуправа вложуваме максимални напори за заштита на животната средина како придобивка на современиот човек. Во тој поглед ќе ги споменам следните реализирани проекти :
– Извршивме комплетна реконструкција на  пречистителната станица за отпадни води кој денес работи со капацитет кој овозможува 100% пречистување на отпадните води во градот а со тоа и заштита на Светиниколска река долж нејзиниот тек.

-Поставивме контејнери во најголемите и највиталните рурални населби и најава за поставување на нови контејнери во останатите места
– Набавивме механизација и опрема на ЈКП Комуналец за собирање на отпад и чистење на улиците
– Континуирано чистење на излетничките места .
Во наредниот период следи чистење на сите диви депонии во општината.

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora