Проект за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите

Четврток 10.02.2023 г.

Денес со претставникот од USAID Слаѓана Србиноска и преставниците од тимот на Проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите како и преставници од секторите/одделенијата во Општината, се одржа заедничка средба на која се дискутираше за резултатите од 18 месечната техничката поддршка од Проектот на USAID за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите. Исто така се изврши процесот на само-проценка на нивото на капацитетите на општината по завршување на поддршката од Проектот, која се oднесува на следниве области:

  • управување со општински јавни финансии,
  • планирање и извршување на буџети,
  • фискална транспарентност и отчетност,
  • планирање и прибирање на приходи од сопствени извори,
  • пристап до надворешно финансирање,
  • и овозможувачка средина за вклучување на приватниот сектор.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПАРТНЕРСТВОТО НА ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ СО ПРОЕКТОТ НА УСАИД ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА РЕСУРСИТЕ

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora