ПОВИК ЗА РЕАЛИЗИРАЊЕ НА ЛОКАЛНИ МЛАДИНСКИ АКЦИИ – „Вклучени млади, силни заедници“

Почитувани Млади,

Општина Свети Николе, преку Службеникот за млади по иницијатива од страна на Организацијата на жени на општина Свети Николе, преку своите начини на информирање споделува информација за Отворен Повик за реализирање на локални младински акции, со коишто им се дава можност на младите да имаат позитивно влијание. Иницијативата за локална младинска акција е отворена за сите млади луѓе во Свети Николе.

Сите предложени акции треба да бидат насочени кон активности кои се фокусираат на решавање локални проблеми кои ги засегаат младите (15-29 години). Акциите кои ќе бидат поддржани треба да се однесуваат на подобрување на животната средина, самоорганизирање и самозастапување пред локалните институции, креативност и проактивност, едукативни и хуманитарни кампањи, изготвување на акции за подобрување на животот во општината, како и други потреби кои младите сметаат дека со нивно активно вклучување и граѓански ангажман ќе се подобрат

Сите пристигнати апликации ќе бидат оценувани, а секоја од избраните акции ќе биде поддржана со финансиски средства од 20.000 – 30.000 денари.

    Повикот е активен во периодот од 08/05/2023  до 17/05/2023 година.

Вклучете се потполнување на on-line форма на следниов линк.

Ги охрабруваме сите млади од Општина Свети Николе да земат активно учество и да аплицираат со нивните идеи.

Општина Свети Николе ќе продолжи со поддршка на ваквите иницијативи за младите од Општина Свети Николе и да ги информира за сите повици кои се однесуваат на теми поврзани со младите на теритoријата на Општина Свети Николе.

Доколку Ви е потребна било каква помош во врска со потполнувањето може да се обратите до

До

Ивица Арсов

Службеник за млади

Канцеларија за млади

Зграда на Општина Свети Николе Канцеларија Пр. Бр. 11 – Приземје

Секој работен ден од 7:30 до 15:30

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora