Јавна иницијатива за прибирање на пријави со Предлози за доделување на плакета, признанија, благодарници и спомен плакети – Патрон на градот „Свети Николај“ за 2023 година

Врз основа на член 52 од Статутот на Општина Свети Николе како и Одлуката на Советот на Општина Свети Николе бр. 0801/563 од 13.11.2015 г. (Сл. Гласник на Општина Свети Николе бр. 15/15) и Правилникот за начинот, условите, критериумите и постапката за доделувања на признанија и награди на Општина Свети Николе  бр.0801-653 од 29.11.2019 година Одборот за доделување на награди и признанија покренува:

Јавна иницијатива за прибирање на пријави со

Предлози за доделување на плакета, признанија, благодарници и спомен плакети – Патрон на градот „Свети Николај“ за 2023 година

1. Во чест на празникот „Свети Николај“ Патрон на градот Свети Николе, се распишува Јавна иницијатива за прибирање на пријави со предлози за доделување на награди во следниве категории:

Плакети, се доделуваат на физички и правни лица за значајни остварувања и постигнувања во вкупниот општествен развој, унапредување на Локалната самоуправа во Општината, заштита и унапредување на животната средина и во други области на животот и трудот што преставуваат посебен придонес за вкупниот напредок и афирмација на Општината Свети Николе во изминатиот период од една година до завршување на јавната иницијатива.

Признанија се доделуваат на физички и правни лица за значајни остварувања и постигнувања во во развојот на локалната демократија, стопанството, науката, и уметноста, придонес во културата, спортот, здравството, воспитувањето и образованието, како и во другите области на трудот и творештвото од значење за развојот на Општината и нејзина афирмација во Република Македонија и во светот во изминатиот период од една година до завршување на јавната иницијатива.

Благодарници се доделуваат на физички и правни лица за успешно остварени активности и заеднички ангажирања во извршувањето на планови, проекти и други активности од значење за Општината во изминатиот период од една година до завршување на конкурсот.

Спомен Плакета се доделува на поединци постхумно, како признание за особени постигнувања во развојот на демократијата и во поттикнувањето на општествениот развој.

2. За гореспоменатите награди може да се предлагаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани, спортски клубови, граѓани како и странски државјани.

3. Се информираат основните и средните училишта на територијата на Општина Свети Николе за Номинациите за признанијата и наградите во сферата на образованието: најдобар Просветен работник  и најдобар ученик за завршената учебна година во вид на одлука да се доставуваат до Одборот за доделување на општински признанија и награди. Oсновните и средните училишта на територијата на Општина Свети Николе за таа цел формираат свои интерни комисии. Воедно задолжително треба да достават кратка биографија и да образложат за какви остварувања се доенсува одлуката.

4. Се информираат основните и средните училишта на територијата на Општина Свети Никол за Номинациите за признанијата и наградите на учениците од основните и средните улилишта територијата на Општина Свети Николе за ликовен и литературен конкурс.

Основните и средните  училишта за таа цел да објавуват конкурс на кој можат да се пријават сите ученици од Нивните училишта без ограничување. Училиштата на територијата на Општина Свети Николе е потребно во меѓусебна координација да формираат комисија за таа намена посебно за основните и за средните училишта, во која ќе членуваат по еден претставник од секое од основните училиштата и тоа: посебно за ликовниот и посебно за литературниот конкурс. Комисиите имаат за обврска да ги примат и разгледат пријавените ликовни и литературни творби, да донесат одлука за наградување на најдобрите три ликовни и три литературни творби односно прво, второ и трето место и да достават извештај до Одборот за доделување на општински признанија и награди. Како и да ги достават наградените литературни и ликовни трудови.

5. Во пријавите задолжително треба да се достави кратка биографија и да се образложи за какви остварувања се доставува предлогот. Кон пријавата потребно е да се достави и најмалку една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа во која се конкурира.

6. Предлозите се  доставаат на адреса: Општина Свети Николе, Плоштад Илинден бр. 12 (со назнака: за прибирање на пријави со предлози за доделување на плакета, признанија, благодарници и спомен плакети – Патрон на градот „Свети Николај“ 2023 година) или директно во Архива до 12 Декември 2023 година. Непотполните Пријави како и Пријавите коишто ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora