Архиви

Проект CITYMOVE

Основни информации за Проектот CITYMOVE – Communities Innovating Traffic Yielding a Multimodal Optimized Vicinal Environment (Заедници кои иновираат сообраќај, создавајќи мултимодален оптимизиран локален амбиент)

Програмски повик: Interreg VI-B IPA Adriatic Ionian IPA ADRION 2021-2027 (www.interreg-ipa-adrion.eu)

Приоритет на програмата: Приоритет 2 – Поддршка за зелениот и климатски отпорен јадранско-јонски регион

АКРОНИМ: CITYMOVE

Број на проект: ИПА АДРИОН 53

Почеток на проектот: 01.09.2024 – 28.02.2027 година.

Вкупен буџет на проектот: 1.584.047,96 € (донација: 85%, учество: 15%)

Буџет Општинa Свети Николе: 171,624.60 € (донација 85%, кофинансирање 15%)

Водечки партнер: Општина Бар bar.me

Партнери:
Општина Свети Николе (МК) https://svetinikole.gov.mk
Град Мостар (БА) https://www.mostar.ba
Град Биоград на Мору (HR) https://www.biogradnamoru.hr/hr/
Град Нови Пазар (РС) https://www.novipazar.rs
Општина Губио (ИТ) https://www.comune.gubbio.pg.it
Општина Мат (АЛ) https://bashkiamat.gov.al
Медитерански агрономски институт Ханије – CIHEAM (GR) https://www.iamc.ciheam.org
Општина Кантанос Селино(ГР) https://kantanouselinou.gr

Поврзани партнери:
НАЛАС (Велика Британија) http://www.nalas.eu
Општина Лесковац (РС) https://gradleskovac.org

Краток Опис: Општина Свети Николе е партнер во проектот CITYMOVE, кој беше одобрен за финансирање во рамките на првиот повик на Interreg IPA ADRION 2021–2027 програмата. Проектот се спроведува во
партнерства со Општина Бар како водечки парнер на проектот како и градовите Мостар (БиХ), Биоград на Мору (ХР), Нови Пазар (РС) , Губио (ИТ), Мат (АЛ), Кантанос-Селино (ГР) и Институтот CIHEAM(ГР), додека НАЛАС (МК) и Општина Лесковац (РС) се придружни партнери на самиот проект.

CITYMOVE има за цел да го реши сложениот проблем на зависност од автомобили и да ја поддржи одржливата мултимодална мобилност во Јадранско-Јонскиот регион. Заеднички проблеми на сите партнери вклучени во проектот се недостатокот на инфраструктура што ја поддржува урбаната мобилност и недостатокот на свест за прекумерната употреба на автомобили.

Општата цел Придонесување кон намалување на зависноста од автомобили преку подобрување на инфраструктурата и промовирање на користење на еко-мобилни средства во територијата на Јадранско-Ионскиот регион.

Главните резултати од проектот се создавање на мрежа за урбана мобилност (CITYMOVE мрежа) и пилот решенија за урбана мобилност.

Главните активности вклучуваат: подобрување на инфраструктурата преку инсталирање опрема и софтвер за урбана мобилност (Бар, Мостар, Биоград, Нови Пазар, Општина Свети Николе, Губио, МАТ и КАНТАНОС); изработка на заеднички мапи за безбедно пешачење/велосипедизам од страна на Општина Бар како водечки партнер и нивна последователна имплементација од секој од проектните партнери; развој на локални планови за урбана мобилност, развој на План за одржлива транснационална мобилност; потпишување на Договор за соработка за време на завршната конференција во Бар од страна на сите проектни партнери и придружни партнери; испорака на проектот и комуникациска стратегија на производ/алатка; организација на Денови без автомобили за промовирање на здрав начин на живот на 8 локации и 8 локални велосипедски трки во сите партнерски градови и организација на 3 Денови на урбана мобилност, со работилници фокусирани на одржлива урбана мобилност (во Биоград, Мостар и Кантанос).

Главните корисници на имплементацијата на проектот се спортски организации, еколошки организации, невладини организации и други локални заедници на граѓани; локалните јавни власти, како и пошироката јавност и туристите.

Проектната соработка ќе резултира со дизајнирање на заеднички пристапи кои, по адаптацијата на локално ниво на партнерските територии, ќе го подобрат ширењето на добрите практики и промоцијата на решенија за мултимодална мобилност низ целиот регион. Интеграцијата на новите мултимодални транспортни решенија создадени за време на имплементацијата на проектот и организирањето на настани за урбана мобилност, истовремено подигајќи ја свеста кај поширокото население, ќе промовира намалување на зависноста од автомобили.

Клучни активности на општина Свети Николе:

  • Подобрување на инфраструктурата преку инсталирање на опрема за урбана мобилност;
  • Собирање податоци за локални карти за пешачење/велосипедизам со цел да се развијат споделени дигитални мапи за безбедно пешачење/возење велосипед;
  • Развој на план за локална мобилност;
  • Потпишување на Договорот за соработка на завршната конференција;
  • Организирање на прес-конференција;
  • Организирање на прекуграничен ден без автомобили за промовирање на здрави животни стилови;
  • Организирање локална велосипедска трка.

Преку серија состаноци за вмрежување, партнерите ќе ги споделат своите најдобри практики во урбаната мобилност. Со потпишувањето на Меморандумот за разбирање ќе се институционализира соработката помеѓу сите проектни партнери и придружните партнери, со конкретни цели и активности кои ќе се реализираат по завршувањето на проектот, со предвидена временска рамка за усвојување на решението, заедно со писмена обврска од организациите да го прифатат.

Во рамките на оваа акција ќе се креира транснационална стратегија за одржлива урбана мобилност со паметни решенија, кои партнерите ќе ги споделат и ќе ги приспособат на локално ниво во нивните локални планови за урбана мобилност.

ТППЕ
muzej bylazora