Архиви

ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица – активни баратели на работа со стекнат сертификат за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентирани невработени лица – активни баратели на работа со стекнат сертификат кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “ОКО сервис 12 (Општествено корисна општина)” за вклучување/работно ангажирање со полно работно време од 18 (осумнаесет) месеци да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Свети Николе.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со полно работно време со 40 (четириесет) работни часови неделно, при што за време на  работниот ангажман од 18 (осумнаесет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, активни баратели на работа со стекнат сертификат.

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 28.000,00 денари бруто износ за работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

Работно место 1: Неговател во Детска градинка

Позиции за работно место 1: 1 неговател

Потребни квалификации и занимања за Работно место 1:

ССС – средно образование; Да поседува важечка лиценца за неговател издадена од Комисија за лиценцирање на стручни лица во системот за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и на директори на установи за деца при МТСП; Способност за работа со деца, тимска работа, комуникациски вештини, со или без работно искуство во струката. Кандидатите треба да се активни баратели на работа.

Работно место 2: Воспитувач во Детска градинка

Позиции за работно место 2: 1 воспитувач

Потребни квалификации и занимања за Работно место 2:

ВСС – дипломиран професор по предучилишно воспитание, дипломиран воспитувач на деца од предучилишна возраст, дипломиран педагог за предучилишно воспитание и дипломиран педагог – со стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршено високо образование VII/1степен или  лице со завршени студии за одделенска настава; Да поседува важечка лиценца за воспитувач издадена од Комисија за лиценцирање на стручни лица во системот за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и на директори на установи за деца при МТСП; Способност за работа со деца, тимска работа, комуникациски вештини, со или без работно искуство во струката. Кандидатите треба да се активни баратели на работа.

Работно место 3: Неговател во Дневен центар за лица со попреченост

Позиции за работно место 3: 2 негователи

Потребни квалификации и занимања за Работно место 3:

ССС – средно образование; Стекнат сертификат за Неговател на лица со попреченост. Способност за работа со лица со попреченост, тимска работа, комуникациски вештини, со или без работно искуство во струката. Кандидатите треба да се активни баратели на работа.

Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Свети Николе во периодот од 21.11.2025 година до 27.11.2025 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Општина Свети Николе и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Свети Николе кај лицето Ивана Димитрова, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“ и Агенција за вработување – Центар за вработување Свети Николе,  кај лицето Благица Тодоровска.

Општина Свети Николе

      ГРАДОНАЧАЛНИК

    Дејан Владев

ТППЕ
muzej bylazora

Квалитет на воздухот

Центар

PM2.5: -- µg/m³
PM10: -- µg/m³

Амбуланта

PM2.5: -- µg/m³
PM10: -- µg/m³