Зошто ја спроведуваме оваа кампања?
Во зимскиот период, најголемиот дел од загадувањето на воздухот доаѓа од начинот на затоплување на домаќинствата. Неправилното согорување на отпад, пластика или недефинирани материјали го зголемува ризикот од респираторни заболувања, особено кај децата и возрасните. Со заеднички напор можеме да го намалиме загадувањето и да создадеме поздрави услови за сите жители на нашата општина.
Цел на кампањата: Подигнување на јавната свест за негативните последици од користењето на недефинирани горива и отпадни материјали за затоплување на домаќинствата, со цел да се поттикне еколошки одговорно однесување и да се намали загадувањето на воздухот.
Потполнете On line Анкетен прашалник
Што користите за греење во вашиот дом? Кликни ТУКА
Вашето учество е од голема важност. Резултатите од анкетата ќе ни помогнат:
- подобро да ги разбереме потребите и навиките на домаќинствата;
- да ги планираме следните активности и мерки;
- да аплицираме за програми и поддршка;
- да подготвиме препораки за намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на воздухот.

ИНФОГРАФИК

Информативен флаер
информирајте се за кампањата на МЖСПП „Топли препораки“ на Facebook страната ТОПЛИ ПРЕПОРАКИ – Дознајте како секојдневните избори во греењето можат значително да придонесат за почист воздух.
Споделете – заедно создадовме посилна порака
Сите материјали од кампањата („инфографик“, „флаер“, „информативен флаер“, визуелни пораки и содржини) може слободно да се преземаат, споделуваат и користат за поддршка на пораката за чист воздух и одговорно греење.
Ве охрабруваме при објавување на социјалните мрежи да ги користите хаштаговите:
#ЗдравВоздухСветиНиколе
#ГрејСеПаметноСветиНиколе
На тој начин ќе ја зголемиме видливоста на кампањата и ќе го пренесеме повикот до што повеќе граѓани.
Соработка и ваши идеи
Кампањата е отворена за сите кои сакаат да придонесат за почист воздух и поздрави заедници.
Доколку имате предлог, иницијатива, проект, или сакате да соработуваме на активности поврзани со намалување на загадувањето и одговорно затоплување, слободно контактирајте нѐ.
Вашите идеи и партнерства се добредојдени и можат значително да придонесат за подобрување на квалитетот на живот во нашата општина.
Контакт
Општина Свети Николе – Работна група за реализаицја на ЛЕАП
Ул. Плоштад Илинден бр. 12
Е-пошта: ler@svetinikole.gov.mk






