Архиви

ПОВИК ДО КОМПАНИИТЕ ЗА УЧЕСТВО ВО ПОТПОЛНУВАЊЕ ПРАШАЛНИК ЗА АНАЛИЗА НА ПОТРЕБИТЕ НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ И МОЖНОСТИТЕ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ПРОЦЕСОТ НА ДУАЛНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ

Општина Свети Николе, во соработка со СОУ „Кочо Рацин“ Свети Николе, спроведува прашалник за компаниите со цел анализа на потребите на пазарот на трудот и можностите за вклучување во процесот на дуално стручно образование.

Прашалникот се спроведува согласно член 18 од Законот за стручно образование и обука („Службен весник на РСМ“ бр. 3/25 и 74/25) и има за цел да прибере податоци за:

  • потребните струки и образовни профили,
  • можностите за реализација на практична обука,
  • интересот на компаниите за соработка со средното стручно образование.

Собраните информации ќе послужат за подобро усогласување на образовните програми со реалните потреби на стопанството и за унапредување на вработливоста на младите во општината.

🔗 Ги повикуваме сите заинтересирани компании да го пополнат прашалникот на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeXQyJhgFjxjTUsS3njiW54Zd13xYKj8T_qM4excXGGFPA9hA/viewform?usp=header

Општина Свети Николе Ви благодари за соработката и придонесот во развојот на квалитетно стручно образование и локалната економија.