Општина Свети Николе, врз основа Правилник за доделување на парични награди за постигнати успеси и резултати учениците и нивните ментори од општинските основни и средни училишта во Општина Свети Николе, како и за наградување на ученици таленти – жители на Општина Свети Николе, објавува:
Јавен Повик за доделување парични награди за постигнати успеси на ученици од подкатегорија 1.3 и Категорија 2 – ученици таленти за учебната 2025/2026 година
I. Право на поднесување лично барање имаат:
- Ученици – жители на Општина Свети Николе
кои во учебната година оствариле успех (место или награда) на државен, олимписки или меѓународен натпревар, а:
- учат во училишта надвор од територијата на Општина Свети Николе
(подкатегорија 1.3 од Правилникот);
- Ученици таленти – жители на Општина Свети Николе
кои во текот на учебната година оствариле резултати во областа на:
- спорт и спортски активности;
- уметност и уметнички активности,
на државни или меѓународни натпревари (Категорија 2 – ученици таленти од Правилникот).
II. НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ
Барањата се поднесуваат ЛИЧНО, со целокупната документација:
Во Канцеларија за едношалтерско работење Општина Свети Николе.
III. РОК
Краен рок за поднесување:
15 јуни 2026 година
Барањата доставени по истекот на рокот нема да бидат разгледувани.
IV. ДОКУМЕНТАЦИЈА
Подносителите се должни да достават документација согласно член 5 став (2) од Правилникот, вклучително:
- лични податоци,
- доказ за освоен резултат,
- Опис на постигнатиот успех,
- официјална ранг-листа,
- доказ за жителство,
- доказ за уплатена административна такса.
Некомплетни барања нема да бидат предмет на разгледување.
V. ОБРАСЦИ
Обрасците и потребните изјави за пријавување се:
- достапни на веб-страницата на Општина Свети Николе
www.svetinikole.gov.mk превземи и - во Канцеларија за едношалтерско работење Општина Свети Николе.
VI. ИНФОРМИРАЊЕ
Јавниот повик ќе биде:
- објавен на веб-страницата на Општина Свети Николе;
- доставен до локалните медиуми;
- истакнат на огласната табла на Општината.
Прилог – Обазец и потребни изјави превземи
Прилог – Правилник за доделување на парични награди за постигнати успеси и резултати учениците и нивните ментори од општинските основни и средни училишта во Општина Свети Николе, како и за наградување на ученици таленти – жители на Општина Свети Николе – превземи








