(податоци за 2009 г.од Министерство за земјодел.,шумарство и водост.ПЕ Св.Николе
Вкупно површина по категории на користење во Општина Свети Николе
ред.бр. |
Земјиште |
Површина (ха) |
1. |
земјоделска површина |
38 496 |
2. |
обработлива површина |
20 032 |
3. |
ораници и бавчи |
18 683 |
4. |
овоштарници |
48 |
5. |
лозови насади |
722 |
6. |
ливади |
579 |
7. |
пасишта |
18 439 |
Површина со жита
ред.бр. |
Земјиште |
Површина (ха) |
1. |
пченица |
8500 |
2. |
јачмен |
5100 |
3. |
пченка |
230 |
Површина со индустриски култури
ред.бр. |
Земјиште |
Површина (ха) |
1. |
тутун |
200 |
2. |
сончоглед |
655 |
3. |
афион |
5 |
Површина со градинарски култури
р.бр. |
Земјиште |
Површина (ха) |
1. |
компир |
50 |
2. |
кромид |
70 |
3. |
лук |
60 |
4. |
грав |
80 |
5. |
грашок |
60 |
6. |
домати |
61 |
7. |
зелка |
60 |
8. |
пипер |
51 |
9. |
бостан |
180 |
Површина со фуражни растенија
р.бр. |
Земјиште |
Површина (ха) |
1. |
луцерка |
285 |
2. |
граор-сено |
0 |
3. |
добиточен грашок-сено |
50 |
4. |
крмана пченка |
200 |
Од вкупно обработливата земјоделска површина (20.032 ха), со детална затворена каналска мрежа од главниот доводен (отворен) канал од ХМС Брегалница во општина Свети Николе се опфатени околу 6000ха.Од обработливата површина околу 11000ха користат земјоделските претпријатија, а преостанатата (околу 9000ха) е во сопственост на индивидуалните земјоделски производители.
Преглед на обработливо земјоделско земјиште во Општина Свети Николе
Ред. бр. |
обработливо земјоделско земјиште |
Површина во ха |
1. |
Приватна сопственост |
6.995.48.59 |
2. |
државна сопственост |
15.435.07.57 |
Вкупна површина |
22.430.56.16 |
Според податоците од Пописот на земјоделството 2007 година, на територијата на Општина Свети Николе евидентирани се 3558 индивидуални земјоделски стопанства, 617 домаќинства со шума и едно домаќинство со рибник.
Бројот на деловни субјекти, според општината каде се наоѓа производството, односно во Свети Николе, изнесува 15 и тоа на користена земја вкупно 3400,4 хектари.
Битно е да се спомне дека кон крајот на 2005 год отпочна проект за плодоуживање на земјоделско земјиште во сопственост на државата кој е наменет за шест социјални категории на граѓани и за кој досега беа поделени 500 договори за површина од 4000 ха а уште 200 се во тек на одобрување.Со овој проект општината во соработка со Владата прави директни мерки за земјоделците,се легализираат земјоделските активности , се здобиваат со право за аплицирање на домашни и странски субвенции и кредитни линии кои се наменети за ова дејност а исто така се потикнува и самовработувањето.
ПРЕГЛЕД НА ПОВРШИНИТЕ ПОД ШУМА
р.бр. | Име на ШСЕ | Вкупна пов.ха | Обрас.пов.ха | Необ.пов.ха |
1. |
“Ѓуриште” |
4352 |
3882 |
469 |
2. |
“Иланџа” |
1641,50 |
1627,10 |
14,40 |
3. |
Неуредени-борови култури |
3650 |
3650 |
– |
Вкупната површина на уредени шуми изнесува 5993 и на неуредени борови култури изнесува 3 650ха.
Хидролошки карактеристики
Во хидролошки поглед Овчеполските води припаѓаат на сливот на р. Брегалница. Најголем воден тек претставува Светиниколска река. Таа се состои од три крака: Од Мавровица, Караташ, Црн камен и Периш. Извориштето на Мавровица се наога во близина на с. Макреш на надморска височина од 727 метри. Караташ се формира во близина на с. Павлешенци на надморска височина од 389 метри. Периш извира во атарите на с.Малино и с.Алакинци на надм.висина на 380 метри. Овие три рекички се соеидинуваат на средишниот дел на котлината кај Св.Николе и од таму течат во меридијански правец како Светиниколска.Река.
Светиниколска река во Овчеполската котлина прима неколку притоки. Од левата страна Буриловска река со Немашница, од десната страна Горобинска река (Поток), Кнежевска река и Ѓузумелска река.Сите имаат карактер на буици.
Овчеполските рекички во летните месеци Јули и Август поради големото испарување и намалувањето на атмосферскиот талог наполно пресушуваат.
Во котлината нема природно езеро. На реката Мавровица во местото Алин дол изградена е акумулација со Р. од 7 км2 со зафатнина од 2700000 метри кубни. Акумулацијата се користи за водоснабдување на Свети Николе.
Климатски карактеристики
Овче Поле со својата конфигурација и географска поставеност е изложено на континентални и медитерански климатски влијанија
За климата во Овчеполската котлина од големо значење е нејзината отвореност од сите страни, која влијае на извесни климатски појави, а најмногу на ветровите. Климата во реонот е со негативни компоненти од медитеранската и источно континенталната клима, причина за климатските специфичности. Кај распоредот на врнежите владее значителна нерамномерност,особено во лето.
Распоред на врнежи во Светиниколска општина (1981-2001)
Апсолутен температурен минимум е во текот на декември или почетокот на јануари,најчесто меѓу -8 и -15оС, Најниската просечна месечна температура е во јануари и февруари (-2 до 2оС),а највисока просечна во јули (25оС).Температурните максимуми над 30оС во јуни не се ретка појава.Просечната релативна влажност на воздухот е најниска во август (46%),а највисока во декември (62%).
Климатските услови што го карактеризираат овчеполието се следните:
-должина на сончев сјај ( сончеви денови 2391 час);
-просечни мразни денови 77 ( најизразено во јануари и февруари);
-падавини: просечна годишна количина наврнежи 468мм/м2 и се движи од 333 мм/м2 до 587 мм/м2;
– влажност средногодишна релативна влажност од 67% ( максимум во јануари 80% и декември 84 %, а минимум во август 52 % и јули 54%);
– постојани ветрови и тоа:
а. северен со просечна честост од 188% и постојана брзина од 4,6 мс, дува скоро преку целата година.
б. Северо- западен ветер со честост од 127% и просечна брзина од 3,9 м/с
Минерални потенцијали
Минерални води
Истражувања на минерални и термоминерални води во Овчеполието досега не се извршени. Постојат индиции дека минерални води има во атарот на с. Богословец во близина на р.Брегалница, потоа во атарот на с. Строиманци во месноста Киселица како и во атарот на с.Мечкуевци во месноста Смрдливец. Се претпоставува дека термоминерални води има и во атарот на с.Ѓузумелци во месноста Топли дол и во атарот на с. Горно Ѓуѓанци во месноста Благи дол.
Природни (рудни) богатства
Покрај шумите и водите од природните најзначајни се рудните богатства. Појавата на рудните богатства бездруго се условени од геолошко-тектонската еволуција на Овчеполската котлина. Меѓутоа геолошко-рударските истражувања во котлината сеуште не се завршени. Едни од нив се јавуваат како енергетски извори, односно каустобилити(јаглен,парафински шкрилци,нуклеарни суровини)но во многу мал дел како и метали и неметали каде до скоро се експлоатираше азбест а трети служат како градежен материјал кој е присутен низ повеќе локалитети особено Ѓуриште и с.Макреш