Архиви

Услугата Помош и нега во домот достапна за граѓаните на Општина Свети Николе

Почитувани граѓани,

Со особено задоволство Ве информираме дека Општина Свети Николе, во партнерство со Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Свети Николе, успешно ja заврши првата фаза од проектот за воспоставување на социјалната услуга „Помош и нега во домот“. Во рамките на оваа фаза беа реализирани сите предуслови за воспоставување на услугата – адаптација и опремување на просторот, обезбедување на потребната опрема и материјали, избор и обука на негуватели, како и исполнување на законските и организациските услови за нејзино спроведување.

Сега започнува втората фаза од проектот – непосредно обезбедување на услугата „Помош и нега во домот“, која ќе им биде достапна на старите лица, лицата со здравствени потешкотии, лицата со намалена подвижност и другите граѓани на кои им е потребна ваков вид поддршка.

Целта на услугата е да обезбеди полесен, побезбеден и подостоинствен живот во домашни услови, преку навремена и професионална поддршка при извршување на секојдневните активности.

Услугата опфаќа:

  • помош при извршување на секојдневните активности;
  • поддршка при движење и основна лична грижа;
  • помош при организирање и реализирање на секојдневните обврски;
  • континуирана поддршка за семејствата кои се грижат за своите блиски.

Оваа услуга има за цел да им обезбеди на корисниците поголема сигурност, достоинство и подобар квалитет на живот, а истовремено да им ја олесни секојдневната грижа на нивните семејства.

📍 Услугата е достапна за сите заинтересирани граѓани кои ги исполнуваат УСЛОВИТЕ за користење на услугата.

📞 За повеќе информации и пријавување, обратете се во канцеларијата на Црвениот крст – Свети Николе (Филип Втори 38-а)кај секретарот Анета Јорданова или јавете се на телефон 071 240 050.

Заедно градиме заедница во која грижата и солидарноста се достапни за секого.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ КОИ КОРИСНИКОТ ТРЕБА ДА ГИ ДОСТАВИ

ЗА СОЦИЈАЛНАТА УСЛУГА ПОМОШ И НЕГА ВО ДОМОТ

Корисникот на услугата поднесува следна документација:

☐ барање за користење на социјалната услуга помош и нега во домот – достапно во канцеларијата на Црвен крст Свети Николе;

☐ важечка лична карта за државјанин на РСМ, дозвола за постојан престој на странецот, како и за брачен другар, родители, деца и/или други роднини со кои живее во заедничко домаќинство;

☐ мислење од матичен лекар за потребата од помош и нега при остварување на основни активности во домот;

☐ пополнет образец „Индекс Кац на независност во остварување на активностите од секојдневниот живот“ од матичен лекар;

☐ пополнет образец „Скала Лотон-Броди за инструментални активности од секојдневниот живот“ пополнува Центар за Социјална работа;

☐ пополнет образец „Листа на активности за остварување на услугата помош и нега во домот“ пополнува Центар за Социјална работа;

☐ отпусно писмо со специјалистички извештај и/или друга медицинска документација и/или наод и мислење за видот и степенот на попреченоста за барателот и неговиот брачен другар, родителите, децата и/или други роднини со кои живее во заедничко домаќинство;

☐ изјава дадена пред нотар, или пред службено лице во Центарот дека нема склучено договор за доживотна издршка, односно покренало постапка за раскинување на склучен договор за доживотна издршка.

ТППЕ
muzej bylazora

Квалитет на воздухот

Центар

PM2.5: -- µg/m³
PM10: -- µg/m³

Амбуланта

PM2.5: -- µg/m³
PM10: -- µg/m³