Архиви

17-та седница на Совет на Општина Свети Николе

Седумнаесеттата седница на Советот на Општина Свети Николе ќе се одржи на ден 31.01.  2014 година (петок) со почеток во 15:00 часот во големата сала на Општина Свети Николе.

 

Д н е в е н   р е д

 

– Усвојување на Записникот од шеснаесеттата седница на Советот на Општина Свети Николе одржана на ден 30.12. 2013година;

Точка 1

Предлог – Одлука  за проширување и измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Свети Николе;

Точка 2

Предлог – Одлука за утврдување на  пазарната вредност на земјоделско земјиште  Во Општина Св.Николе;

Точка 3

Предлог – Одлука за  именување  на  претседател  и  членови  на Општинскиот  совет  за  безбедност  на  сообраќајот  на  патиштата – Свети  Николе;

Точка 4

Предлог – Одлука за начинот и условите за поставување урбана опрема за вршење дејност на јавни површини на територијата на општина Свети Николе;

Точка 5

Предлог – Одлука за утврдување на приоритети на изградба на локални патишта од доделени средства  од Светска банка за обнова  развој за  Општина Свети Николе;

Точка 6

Предлог – Одлука за доделување еднократна парична помош на одредени категории на лица;

Точка 7

Предлог – Одлука за половни службени моторни возила

Точка 8

Предлог – Одлука за доделување на финансиски средства од тековна резерва (финансиска помош за школување);

Точка 9

Предлог – Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата за проектот “Изградба на локален пат, вклучително и мост од с.Мустафино до црквата Свети Спас;

Точка 10

Предлог – Одлука за утврдување на приоритет на проект “Изградба на локален пат, вклучително и мост од с.Мустафино до црквата Свети Спас;

Точка 11

Предлог – Одлука  за определување имиња на улици во Општина Свети Николе;

Точка 12

Предлог – Одлука за разрешување и именување  на членови на Управен Одбор на  ЈОУДГ “Рахилка Гонева”    Свети Николеч

Точка 13

Предлог – Решение  за разрешување и именување на  член во Училишниот одбор на  Општинско основно училиште ООУ “Даме Груев “ с. Ерџелијач

Точка 14

Предлог – Програма за работата на ЈП “Погребални услуги” – Свети Николе за 2014 година со финансов план на трошоци и приходи за 2014 година;

Точка 15

Предлог – Одлука  за утврдување на  зони при примена на методологијата  за процена на пазарната вредност на недвижен имот

            Точка 16

Предлог – Одлука за отварање на нова струка и надополнување на постоечка струка со нови профили;

Точка 17

Предлог – Одлука за давање согласност на Статурната одлука за измена и дополнување на Статутот на Општинската установа  Народен Музеј Свети Николе;

Точка 18

Предлог – Одлука   за давање согласност на Годишната програма за продавање на земјоделско земјиште во државна сопственост за 2013 година на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

ТППЕ
muzej bylazora