- Се повикуваат долгорочно невработените лица, неквалификуваните невработени лица со ниско ниво на образование кои се заинтересирани за вклучување во Јавни работи за период од 5 месеци, да се пријават во Општина Свети Николе.
- За секое невработено лице кое ќе биде работно ангажирано во Јавни работи се предвидува надоместок во износ од 9.507,00 денари (бруто плата) месечно.
- Работното ангажирање на невработените лица за Јавни работи ќе се спроведува преку Општина Свети Николе во партнерство со ЈКП Комуналец, ЈП.Македонски шуми и ЈП Погребални услуги.
- Правата и обврските ќе се уредат со склучување на посебни договори.
- За време на Јавните работи работно ангажираните невработени лица не ги губат правата по основ на невработеност.
- Заинтересираните невработени лица од точка 1 на овој Јавен оглас, пријави можат да поднесат најдоцна до 22.06.2014 година во Општина Свети Николе.
Детални информации можат да се добијат воОпштина Свети Николе, контакт телефон 032/444-169.