На ден 15.06.2014 беше поставен камен темелникот на божјиот храм, црквата Света Лидија македонка во Свети Николе.
Ова воедно е првиот божји храм посветен на Света Лидија македонка во Македонија. Света Лидија македонка е првата жена македонка која кога Апостол Павле пристигнал во Македонија ја примила христијанската вера и се покрстила.