Архиви

Отворено „Светиниколското културно лето“

Со настапот на градскиот мандолински оркестар “Свети Николај“ како и мандолинските оркестри „Елена Генова“ и „Браќа Миладинови“ од Пазарџик, односно Петрич од соседна Бугарија, во саботата беше означен почетокот на манифестацијата „Светиниколско културно лето“ . На градскиот плочик, во пријатна вечерна атмосфера, многубројната публика уживаше во концертирањето на трите оркестри кои изведоа дела од светските класици како и популарна музика, преработена за мандолински инструменти. „Светиниколско културно лето“ продолжува со други содржини, односно настап на фолклорни друштва, ликовни изложби, филмски проекции и друго.

kulturno leto 2014 (7) kulturno leto 2014 (5) kulturno leto 2014 (4) kulturno leto 2014 (3) kulturno leto 2014 (2) kulturno leto 2014 (1)

ТППЕ
muzej bylazora