Координаторката за еднакви можности на мажите и жените заедно со Комисијата за еднакви можности на мажите и жените при Советот на Општина Свети Николе континуирано ги спроведуваат активностите од тригодишниот проект„Ние сме жени лидерки и двигателки на промениво нашите заедници“, односно активноста МЕНТОРСКА ПРОГРАМА.
Kако под-активност на Менторската програма,бешe oдржана трибина на ден 11 Септември 2014 година –Четврток во подрачните единица на Училиштата во овие рурални средини, на тема:“Превенција од рак на дојка“, водена од страна на Д-р Гордана Митева и Д-р Јулијана Китановска Спасев.
Главна цел на трибината беше подигнување на свеста за ракот на дојка и важноста од правење редовни мамографски прегледи.
Општина Свети Николе, како поддржувач на овој проект, ќе обезбеди бесплатен превоз за спроведување на мамографски прегледи на сите заинтересирани жени.
Проектот е финансиран од UN WOMEN – Фондот на Обединетите Нации за родова еднаквост, а партнерски се спроведува од Македонско женско лоби и Одделот за родови студии на Универзитетот „Евро-Балкан“, во соработка со организациите Десиде и Сирма. Стратешки партнер на проектот е Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Собранието на Република Македонија.