Граѓаните на Малино и Крушица во средбите со градоначалникот на општина Свети Николе Зоран Тасев и членовите на општинската администрација разговараа за актуелните потреби и проблеми. Во овие две села најголем проблем претставува водоснабдувањето. Градоначалникот најави дека во тек се изработувањето на проекти за водоснабдување со кои во наредниот период би се решил овој горлив проблем.