Неколку стотини граѓани, вработени во администрацијата, просветни работници, членови на невладини организации и граѓански здруженија од Свети Николе, учествуваа на акцијата „Македонија без отпад 2014“, што се одржа во саботата во новиот градски парк и на повеќе други локации во општината. Како што истакна градоначалникот Зоран Тасев, вакви акции се потребни во текот на целата година, за подигнување на свеста на граѓаните и одржување на чиста животна средина.