Според програмата на локалната самоуправа на општина Свети Николе, делегација составена од директори на јавни претпријатија, општинска администрација, членови на Советот , предводени од градоначалникот Зоран Тасев, ги посети месните заедници во селата Ерџелија и Мустафино. На средбите со жителите беа презентирани актуелните состојби и проблеми со кои се соочуваат граѓаните во секојдневното живеење. Локалната самоуправа ќе изготвува проекти, кои ќе бидат поднесувани до институциите на нашава земја, како и до странски донатори за да се обезбедат финасиски средства, со цел подобрување на условите во руралните подрачја на општина Свети Николе.