Вработени од локалната самоуправа, училиштата, полицијата, македонска пошта,припадници на АРМ и голем број на граѓани денеска масовно присуствуваа на акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ која се одржа на повеќе локации. Учениците од основните и средното училиште засадија садници во училишните дворови, а вработените од локалната самоуправа и ЈКП засадија садници на јавор го градскиот парк и детските градинки, каде учествуваше и градоначалникот на општина Свети Николе Зоран Тасев.