Во присуство на илјадници граѓани и верници денеска во Црквата Свети Николај во Свети Николе се одржа литургија по повод крштевањето на Исус Христос во реката Јордан.
По тој повод во фонтаната на црквата беше фрлен и светиот крст кој годинава го фати Дарко Јованчев. На оваа свеченост присуствуваше делегација од локалната самоуправа на Општина Свети Николе, предводена од градоначалникот Зоран Тасев како и пратеничката во Собранието на Р. Македонија Благица Ласовска. Делегацијата присуствуваше и на денот на основањето на Доброволното противпожарно друштво од Свети Николе кое е формирано далечната 1935 година.