Во пресрет на градежните активности градоначалникот Зоран Тасев со стручен тим и советници од ЕЛС на Општина Свети Николе тековно ги посетуваат сите населени места и месни заедници во светиниколско. На средбите со граѓаните се дефинираат приоритетите за градежни зафати во населените места кои треба да се реализираат во пролетниот период.