Денеска во работна посета на општина Свети Николе престојуваше делегација од Германската амбасада предводена од заменик амбасадорот Марко Акватичи. Во рамките на денешната посета заменик амбасадорот оствари средба со градоначалникот на општина Свети Николе Сашо Велковски, при што беше информиран за активностите на локалната самоуправа. Покрај тоа, делагацијата од амбасадата на Германија го посети ДПД (доброволното противпожарно друштво) каде што предаде опрема која во која се вклучени радио станици, гас маски, напртњачи за вода, пумпа за вода, мотор за сечење на дрва и други апарати за гасење на пожари, преку програмата на мали грантови за невладини организации.