Здруженијата на пензионери од Свети Николе и општина Илинден денеска потпишаа спогодба за соработка, која во наредниот период ќе биде остварена преку програма за култура спорт и заеднички настапи на манифестации. На потпишувањето на спогодбата присуствуваше и градоначалникот на општина Свети Николе Сашо Велковски.