По повод 8-ми Март, Меѓународнот ден на жената, делегација од локалната самоуправа на општна Свети Николе, предводена од градоначалникот Сашо Велковски, заедно со претставници од Организацијата на жени, Граѓанската иницијатива на жени и други невладини организации и институции, положија цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОВ,односно на жените борци, Рахилка Гонева и Васка Циклева. Претставници од сите женски организации и здруженија беа примени во кабинетот на градоначалникот каде ги истакнаа проблемите со кои се соочуваат во нивното работење, а се дискутираше и за активностите на женските организации и имплементирање на програмите за родова рамноправност. Деновиве, во училиштата беа организирани приредби по повод Меѓународниот дена на жената, а во Домот на културата е отворена изложба на ракотворби изработени од вредните светиниколчанки.