Архиви

Силно невреме во Свети Николе

Во попладневните часови невреме проследено со силен ветер и обилни врнежи го погоди Свети Николе. За кратко време наврнаа поголеми количини дожд, кои предизвикаа излевање на атмосферската и канализационата мрежа, кои доведоа до поплавување на улиците и подрумските простории на повеќе станбени објекти. Најкритично беше на улиците „Кумановска “ и Ќиќевачка“ , каде интервенираа екипите на Доброволното противпожарно друштво и Територијалната противпожарна единица на Свети Николе, кои со пумпи ја црпеа водата од поплавените куќи и објекти. Покрај тоа, силниот ветер собори повеќе стари стебла, од кои едно падна врз далновод и ја прекина испораката на електрична енергија, а едно падна на патот Свети Николе – Овче поле кај претпријатието „Изолтерма“ и создаде караток прекин на сообраќајот. Силниот ветер однесе дел од покривот на куќа во село Кадрифаково, а во куќа во населбата „Бел камен“ удри гром, кој предизвика штети кај електричните уреди и апарати. Заради невремето Свети Николе повеќе од два часа беше без снабдување со електрична енергија, а некои села како што се Кадрифаково, Ерџелија и Мустафино струја добија во доцните вечерни часови. Градоначалникот на општина Свети Николе   Сашо Велковски   ги обиколи сите настрадани подрачја во општината, каде екипите за справување со кризи, составени од пожарникари, вработени во ЈКП „Комуналец“ и граѓани учествуваа во санирање на последиците од големото невреме.

DSCN5369 DSCN5373 DSCN5381 DSCN5382 DSCN5385 DSCN5388 DSCN5397 DSCN5403 DSCN5404 DSCN5410 DSCN5412

ТППЕ
muzej bylazora