Деновиве на неколку локации во Свети Николе активисти од Организацијата на жени на Свети Николе, Доброволното противпожарно друштво, вработени во Единицата на локалната самоуправа, на ЈКП „Комуналец“ ученици, наставници и граѓани, работеа на уредување на просторите околу Црквата „Свети Николај“ и ООУ,„Гоце Делчев“, градскиот парк и плочникот на плоштадот, СОУ „Кочо Рацин“ и ООУ „Кирил и Методиј“. Со акцијата „Мрдни со прст“ досега се опфатени повеќе урбани простори во градот кои целосно се ревитализираат, односно се поправаат и бојадисуваат клупите за седење, се поставуваат маси, нови корпи за отпадоци, се чистат и косат тревниците се со цел овие катчиња да бидат пријатни за одмор и релаксација. Како што истакнува градоначалникот на општина Свети Николе, Сашо Велковски, овие акции на ОЖО целосно ги подржуваме и ќе настојуваме да бидат, реализирани на што поголем број локации во градот и во рамките на можностите ќе учествуваме со сите расположиви средства и човечки ресурси.