Архиви

Изградба на водоводна и канализациона мрежа

Во населба „Лозов расадник“, до патот Свети Николе – Горобинци, деновиве се изведуваат работите околу изградбата на водоводната и канализационата мрежа за новите станбени објекти. Вредноста на проектот изнесува околу 7 милиони денари кои ги обезбедува локалната самоуправа на Свети Николе, а ќе бидат поставени околу 540 метри водоводни и околу 680 метри цевки за канализација, во кои ќе бидат вградени шахти, вентили и сливници. Се очекува за околу 30 дена изведувачот да ги заврши работите и оваа населба да ја добие потребната комунална инфраструктура. Во следната фаза е предвидено тампонирање и асфалтирање на улиците, истакнува градоначалникот на општина Свети Николе, Сашо Велковски. Во рамките на овој проект сопствениците на индустриските објекти кои се наоѓаат на оддалеченост од околу 1 километар од градот, бараат решение за приклучување на градската канализациона мрежа, односно решавање на проблемот со отпадните води.    DSCN9043 DSCN9042 DSCN9041 DSCN9040 DSCN9038 DSCN9037 DSCN9035 DSCN9032 DSCN9030 DSCN9027 DSCN9025 DSCN9024 DSCN9023 DSCN9022 DSCN9020 DSCN9019 DSCN9018 DSCN9017 DSCN9014 DSCN9013 DSCN9012 DSCN9010

ТППЕ
muzej bylazora