Денеска, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров ја посети општина Свети Николе. При посетата оствари средба со градоначалникот Сашо Велковски, како и со претставници на бизнис заедницата. При тоа министерот Димитров ги запозна бизнисмените со актуелните состојби во нашава земја, како и со ставовите за претстојниот референдум, на кој граѓаните треба да се изјаснат за влез на нашава земја во Нато и Европската унија.