На градскиот плоштад во Свети Николе, беше организиран турнир во кошарка, на кој учествуваат 12 екипи од нашава земја. Таканаречениот Уличен баскет во кој настапуваат по тројца играчи, ќе биде еден од спортовите на летната олимпијада во Токио. Турнирот се одржува под покровителство на Европската кошаркарска федерација, Агенцијата за спорт и млади на Република Македонија и Локалната самоуправа на општина Свети Николе. Отворањето на турнирот му припадна на градоначалникот на Свети Николе Сашо Велковски, кој истакна дека потребно е да се негува спортот и младите се помасовно да земат учество во спортските клубови.