Делегација на претставници од Европската унија и Владата на Република Македонија, денеска престојуваа во општина Свети Николе, каде остварија средба со градоначалникот Сашо Велковски. На средбата беше потенцирана изградбата на регионалната фабрика за преработка на смет, во која ќе се врши рециклирање на отпад и селекција на секундарни суровини.