Денес започна асфалтирањето на делницата од патниот правец Пеширово – Ерџелија, во должина од еден километар, од клучката на патот Свети Николе – железничка станица Овче Поле, до надвозникот на автопатот Миладиновци – Штип. Овој проект е реализиран како соработка на општина Свети Николе, со Центарот за развој на Вардарскиот плански регион,а е финансиран од Бирото за регионален развој со околу 4 милиони денари. Како што се одвива динамиката на изградбата, изведувачот на работите предвидува предавање во употреба на оваа делница, пред предвидениот рок, со што на жителите од селата Ерџелија и Мустафино и другите кои го користат овој патен правец во многу ќе им биде олеснета комуникацијата кон Свети Николе.