Денес во Свети Николе се одржа последната работилница за советниците на локалната самоуправа. Во изминатиот период се одржаа 11 модули за обука на членовите на советот на општина Свети Николе што ги организираше УНДП во соработка со Швајцарската агенција за соработка и развој СДЦ, при што советниците се запознаа со начините и активностите за остварување и реализација на буџетот на локалната самоуправа, како и за родовата рамноправност, социјалата, образованието, инфрастуктурното уредување и други теми. Како што истакнува координаторот на проектот Зоран Јанкуловски, од Здружението на финансиски работници на Македонија со реализација на овој проект, советниците ќе можат многу поедноставно да ги користат алатките при донесување на финансиските планови за проекти од интерес на граѓаните.