Во големата сала на општината, во присуство на голем број граѓани, претставници на институции и установи, членови на невладини и граѓански здруженија, се одржа јавна расправа за буџетот на општината за наредната 2019 година. Како што истакна градоначалникот на Свети Николе , Сашо Велковски, голем дел од средствата ќе бидат наменети за капитални објекти, како што се изградба на детска градинка, раконструкција на пречистителната станица за отпадни води, нови улици, а финансиски средства се предвидени и за развој на културата и поддршка на спортските клубови.