Во големата сала на Општината, синоќа Градскиот мандолински оркестар „Свети Николај“ го одржа традиционалниот новогодишен концерт. Мандолинистите по девети пат, ја продолжуваат традицијата, крајот на годината да го одбележат со беспалетен концерт за граѓаните. На концертот беа изведени повеќе композиции, меѓу кои обработки на народни песни, популарна светска и филмска музика, а на крајот да ги изведат композициите на Јохан Штраус „на синиот Дунав„ и „Радецкиот марш“ на задоволство на публиката. Во рамките на програмата на градскиот мандолински оркестар настапија, тенорот Ненад Јованов и флаутистите од основното училиште „Гоце Делчев“. Годинава, за прв пат оркестарот настапи без нивниот аранжер, композитор и диригент Кирил Трајковски, на кого му го посветија концертот, а кој се наоѓа на домашно лекување.